Правила

Правила

Регистрација

Во полето регистрација внесете ги вашите податоци и потврдете ги со кликање на копчето Регистрирај се. Отворете го вашиот имејл, и верифицирајте ја регистрација со кликнување на линкот од  вашиот имејл.

Опис на начинот на испорака

Со извршената нарачка ќе добиете имејл со што се потврдува примената нарачка со фактура во електронска форма. Од тој момент започнуваме со подготовка на пратката за испраќање. Подготвениот пакет го испраќаме следниот работен ден.  Испораката ја врши Карго експрес или друга приватна пошта.

При извршувањето на нарачката имате два начини за испорака:

1.Стандардна испорака

Стандардна испорака чини 120 денари. Испораката е до Карго експрес во градот каде што е извршена нарачката. Секоја пратка си има посебен баркод и адресница. На адресницата се наведени вашата адреса и телефонски број, што Карго централата ги употребува за да може да ве информира за пристигнатата пратка. Карго централата има обврска да ве контактира на вашиот телефонски број наведен на адресницата. Во Скопје, пратките ги доставуваат вработени во нашата компанија, освен кога нашата компанија не може да постигне да достави повторно пратките ги доставува Карго. Рокот на испорака е 3 до 5 работни дена.

2Бесплатна достава

Бесплатната достава автоматски се генерира на одредени прозиводи на кои јасно пишува дека доставата ќе биде бесплатна. Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена.

Цени

Прикажаната цена на производите е изразена во денари и према истата купувачот нема никакви дополнителни трошоци ниту даноци. Регруп ДОО не е даночен обврзник.

Начин на плаќање

 - Картичка

Плаќањето се врши со платежна картичка. Нарачката можете да ја извршите со која било картичка Visa, Mastercard. Нарачката ја испраќаме веднаш, најдоцна следниот работен ден откако ќе ја евидентираме нарачката.

Приватност на податоците

Личните податоци што ги внесувате се употребуваат за извршување на нарачката. Сите податоци се заштитени и не се јавно достапни.

Податоците што ги внесувате за платежната картичка се кодирани, безбедни и заштитени и се процесираат преку системот за електронска трговија на Халкбанка.

Рекламација

Доколку некој од производите е оштетен или има некој физички недостаток, можете да нè контактирате на info@honeybadger.mk