Се што не сте знаеле за Hoodie дуксерите

Дуксер со качулка-негово создавање

Hoodie е модерен термин кој се користи за дуксерот со качулка. Името потекнува од средниот век кога се носеле наметки со качукли (hood), а најчесто ги носеле монасите или оние кои работеле на отворено.

Првите дуксери со качулка најпрво се изработени во 1930-тите години, за да им олесни на работниците во Њујорк кои работеле на студ на отворено, а подоцна се содадени многубројни парчиња за американската војска за вежбање и за часовите по физичко образование.

Својот развој дуксерот го бележи во 1970-тите години кога се појавува хип-хоп културата која го усвојува како свој симбол. Високата мода го става на модните писти, а отприлика во исто време се појавуваат и универзитетските дуксери. Но сепак, како најважно за негово популаризирање беше изгледот на Силвестер Сталоне во блокбастерот „Роки“.

Во 1990-тите години почнува да се користи терминoт „hoodie“, но овојпат поврзан со многу контроверзии.

До ден денес, hoodie дуксерот ја достигна популарноста на фармерките.

Оваа облека се најде во различни стилови, од спортски, секојдневен, искомбиниран како со џинс, така и со здолништа, па се дотаму што може да се носи и под палто од костум.

Зошто памучен дуксер?

Памучната ткаенина некои ја нарекуваат и ткаенина што „дише“. Памукот има неколку квалитетни карактеристики што го прават единствен материјал кој е најдобар избор кога станува збор за облека.

-Контрола на влага

Ткаенината од 100% памук ја пренесува влагата од телото, ја апсорбира и отстранува од кожата како крпа. Во исто време е и топлински изолатор, односно штити од топло во лето и од студ во зима.

-Хипоалергичен

Памукот не ја иритира кожата, дури и во случаеви кога лицето што ја носи памучната облека е вжештено и се поти. Со тоа се елиминира можноста за појава на осип. Поради своето хипоалергено својство, отпорен е на прашина и не предизвикува алергиски реакции, па затоа често се препорачува носење на памук на лица со алергии на кожата.

-Еколошка ткаенина

Памукот е природен материјал. Природните влакна имаат помало влијание врз животната средина, бидејќи не се користат многу хемикалии  за време на процесот на производство.

-Удобност и издржливост

Памучната облека е мека и лесно растеглива, што ја прави удобна за носење. Исклучително е издржлива и цврста и лесно се одржува.

 

Урбан аутфит

Ова безвременско парче облека кое носи толку интересна историја со себе, а сепакможе беспрекорно да се вклопи во модерниот начин на живот е суштинска причиназошто одлучивме да го создадеме дуксерот Honey Badger Freestyle-100% cotton.

Leave your comment