Внимателно го одбравме мекиот памучен материјал со неверојатни својства и задача да донесе топлина на твоето тело
Величините се унисекс, машкиот модел на сликата носи величина М во боја на згаснати есенски лисја и чемпрес зелена боја која ја претставува зимата во својата "евергрин" верзија.
Женскиот модел носи XS величина во бои кои ја претставуваат секогаш оптимистичката страна на женскиот пол, односно извесното очекување на цветните бои на пролетта.
Овој производ го лансиравме со цел да успееме да донесеме топлина на твоето тело во зимските денови.
Зошто би требало да го имаш ова парче? Затоа што дуксерот е од македонско производство, создаден со многу љубов од вредните раце на специјалистите за шиење и затоа што навистина ќе уживаш додека го носиш.
Зарем не би сакал/а да уживаш и вистински да го изнаносиш парчето облека во кое си инвестирал/а?
Секогаш во прв план ќе ни биде квалитетот на производот, а нашата најголема среќа е кога Вие ќе успеете да се изнауживате во она што го спремаме само за Вас!
Нарачај го веднаш овој дуксер на нашиот веб сајт и искористи го попустот од 7% кој важи само за онлајн нарачки.
Доколку величината не Ви одговара или на било кој начин не сте задоволни од топлината која ќе ви ја даде дуксерот, ние се обврзуваме да го замениме за друг или целосно вратиме!
Направи едноставна регистрација на веб сајтот и нарачај го, можеш да избереш да платиш со картичка или при достава. Дочекај ја 2022 година со ова ново парче облека!
- Неверојатно мек и пријатен за носењеа
- 100% природен памук кој не пушта боја
- Длабока капуљача која те штити од ветер
- 2 џебови во кои го собира твојот телефон
- Лого Honey Badger кое е знак дека никогаш не се откажуваш