Зошто е важна еднообразноста на облеката во спортските клубови?

Една од најсилните човекови емоционални потреби во животот е тој да се вклопува, односно да има чувство на припадност во некое друштво, тим, група, организација, град или држава. Всушност после потребата за храна и физиолошките потреби кај човекот доаѓа потребата за припадност на одредена група. Овој факт го имаат откриено уште многу одамна во историјата на човештвото, пред се врвните лидери и војсководци во тоа време, па така тие секогаш настојувале униформата на војската, обележјата на државата или кралството секогаш да се еднообразни и со тоа да ја задоволат потребата на човекот за припадност.

Задоволувањето на оваа човекова потреба отсекогаш давала исклучителни резултати посебно во војската кадешто чувството за припадност на војниците им влевало непоколебвлива волја, одлучност и храброст. Слично како и кај потребата за храна која има за цел на човекот да му овозможи извор на физичка енергија, така и потребата за припадност овозмужува емоционална енергија и влева желба за напредок, односно желба за настојување кон повисоките човекови потреби, како што е потребата за истакнување, творење и создавање, а со тоа и остварување на трајни вредности во друштвото.

Оттука можеме да си поставиме едно хипотетичко прашање: Дали ако човекот се чувствува гладен би бил мотивиран да биде дел од некоја група? – Логичниот одговор, секако е не. Човекот никогаш нема да настојува кон повисоките потреби, додека не ги задоволи своите основни потреби, односно потребите кои имаат приоритет. Логичен заклучок е дека е неверојатно тешко, речиси невозможно е човекот да започне да ја остварува неговата потреба за творење, истакнување и создавање на трајни вредности, доколку не чувстува припадност на одредена група.

Па така, можеме да си поставиме уште едно прашање: Дали можеме да очекуваме во нашиот спортски клуб дури и најталентираната личност, да создаде исклучителни вредности, да оствари вонсериска спортска форма и да се оствари во спортист од светски размери доколку во себе го нема чувството за припадност на тимот каде што тренира и поминува многу часови во напорна работа? – Нормално, одговорот ќе биде не.

Има многу начини за да се предизвика чувстовото за припадност кај одредена личност, но најефективниот и воедно наједноставниот начин е преку еднообразната облека. Сигурно сте ја слушнале мудроста која вели: “Облеката го прави човекот” и нема зошто да се двоумите дали оваа мудрост е навистина точна.

Спортската облека, дресовите, маиците, тренерките и другата опрема секогаш треба да бидат во боите на спортскиот клуб, тие треба да бидат чисти и уредни со квалитетно испечатени амблеми и обележја на клубот. Спортската облека на клубот треба да предизвикува фасцинираност и чувство на возвишеност кога на себе ја носи личноста која е дел од тимот. Тогаш кога нашиот спортски клуб ќе го видиме еднообразен, со спортска облека која остава впечаток на супериорност пред другите клубови, само тогаш ќе знаеме дека сме ја постигнале потребата за чувство на припадност кај спортистите и од тој момент ќе можеме да очекуваме вртоглаво напредување на секој поединец во тимот кој ќе се стреми кон неговата повисока потреба за остварување на исклучетилни индивидуални резултати како дел од тимот на кој е толку горд.

Вашите приврзаници на клубот кои членуваат како рекреативци или се дел од клубот како професионалци секогаш ќе паметат и емоционално ќе се приврзат за клубот кој им обезбедил чувство на припадност преку квалитетна и еднообразна спортска облека. Доколку ова го читате како сопственик на клуб или како поединец кој е дел од некој тим или група сигурно некогаш сте се нашле во ситуација кога сте ја забележале моќта на еднообразноста на дресовите или маиците кои ги носите на себе, па така овој текст може да биде и мало потсетување на убавите моменти кои сте ги доживеале благодарение на чувството на припадност.

Одговорете во коментар што мислите вие за оваа тема и споделете го линкот од објавата доколку ви се допадна.

Тимот на Honey Badger.           

Посети ја нашата Инстаграм страница

Leave your comment